Почнува расправата за ребаланс на буџетот

Сподели

Денеска во собраниската Комисија за финансирање и буџет почнува расправата за предлогот на Владата за ребаланс на буџетот за 2018 година.

Процедурата за донесување на ребалансот на буџетот треба да заврши за околу 20 дена, или околу 15 ноември, и тој ќе биде усвоен во законскиот рок – изјави министерот за финансии Тевдовски.

Со ребалансот на буџетот се предвидува ревидирање на проекцијата за раст на домашниот бруто-производ (БДП) на 2,8 проценти, задржување на буџетскиот дефицит на 2,7 отсто и намалување на приходната и расходната страна за 0,5 отсто.

Дополнителни средства се обезбедени и за Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Фондот за здравствено осигурување и Агенцијата за вработување. Најголема алокација во ребалансот, има за општините за кои се обезбедува финансиска поддршка во висина од 3,020 милијарди денари, со цел намалување на доспеаните, а неплатени обврски.

Тевдовски додаде дека буџетот за следната година се подготвува и е во последна фаза, нагласувајќи дека сите детали ќе бидат објавени кога, како што рече, ќе дојде време.