Вести Македонија Ударни вести

Почнува скринингот за Ковид-19 кај вработените во градинките

Сподели:

 

Од денеска почнува скринингот на одредени категории групи на граѓани за ковид-19, соопшти министерот Венко Филипче.

Први на скринингот ќе бидат вработените во градинките, односно околу 2.000 лица.

„За период од една недела може да се заврши тој процес и градинките би се вратиле во функција. Она што е најважно, е животот постепено да се враќа во нормала, а граѓаните да се придржуваат до препорачаните мерки за заштита“, – изјави министерот Филипче.

Според планот, со скринингот треба да бидат опфатени вработените во градинките, во болниците, домовите за стари лица, пациентите со хронични болести, пациентите на биолошка терапија, вработените во ЈСП и други од десетината ризични групи.

Сподели: