Денеска во КПУ Идризово, под засилени безбедносни мерки почна судењето за несреќата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 лица, а повредени се повеќе од 200 лица.
Покрај обвинетите, присутни се и роднини на 63 жртви кои го загубија животот во несреќата што се случи на 16 март, претставници на обвинителството, на одбраната, новинари.
Судењето го води судијката Дијана Груевска Илиевска.
фото МВР


