Почнува второто полугодие за учениците

Сподели

Учениците денеска се враќаат на настава по зимскиот одмор.

Министерството за образование и наука предвидува измени за нив кои ќе се разгледаат на јавна дебата.

За учениците од прво до петто одделение еден наставен час да трае 55 минути, во кој е вклучен и одмор во траење од 15 минути по секој наставен час. Наставникот одлучува кога ќе го даде одморот и како ќе го реализира. Исто така, предвидено е учениците од прво до трето одделение нема да имаат повеќе од четири часови дневно. Учениците ќе имаат Мајчин јазик, Математика, Светот околу нас, Уметност, Физичка култура.

По предлог на МОН ќе се намалат и тестирањата на учениците, домашните ќе се заменат со активности и вежби на час, а ќе се воведе и служба за поддршка на талентираните ученици, како и за оние со послаб развој.