ДПМНЕ да формира тим за да продолжи дијалогот за уставни измени

Сподели

 

Воспоставениот дијалог со опозицијата и ставот на Мицкоски дека не е против уставни измени доаѓа во важен момент, кога државата има историска шанса и силна поддршка од стратешките партнери ЕУ и САД за продолжување на европскиот пат, е ставот на СДСМ.

СДСМ ги свика своите највисоки тела и органи, формираше работна група и ги повика ДПМНЕ да се приклучат.

ДПМНЕ што поскоро да формира работна група за да продолжи дијалогот за уставни измени.

Сега не е време за политички калкулации и мерење на партиските и личните рејтинзи, сега е време на одговорност, пред граѓаните, пред иднината на државата.

СДСМ, соопштение