Подигнати 45м3 непрописно одложен отпад од картонски пакувања во скопските општини

Сподели

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на вчерашниот ден подигнаа и транспортираа 45 кубни метри непрописно одложен отпад од картонски пакувања во скопските општини Кисела Вода, Центар и Чаир.

Во општината Кисела Вода е интервенирано на улиците Фредерик Шопен, Димо Хаџи Димов и Томе Арсовски, каде што се подигнати вкупно 20 кубни метри отпад од картонски пакувања одложени на јавни површини.

Во општината Чаир се отстранети 10 кубни метри непрописно одложен отпад на улицата Цветан Димов, додека во општината Центар е интервенирано на неколку локации долж булеварот Партизански одреди, каде што се расчистени вкупно 15 кубни метри картонски отпад одложен на тревни и сообраќајни површини.