Поглаварот на ИВЗ Сулејман ефенди Реџепи го честиташе празникoт Рамазан Бајрам

Сподели

„Утре е Бајрам! Сите сме радосни бидејќи ги исполнивме нашите верски должности. Постевме и се молевме за среќа и бериќет, како за нас, така и за целиот свет” рече Реџепи честитајќи го утрешниот празник Рамазан Бајрам.

thumbs_b_c_baeeaace09dc8e858e0cdeb8e49e5054

СКОПЈЕ (АА) – Поглаварот на Исламската верска заедница на Република Македонија (ИВЗ), Реис-ул-улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи по повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, упати честитка до сите граѓани на Република Македонија, верници од исламската вериоисповед, јавува Anadolu Agency (AA).

Реџепи во својата бајрамска честитка наведува дека помина уште еден Рамазан,месец во кој верниците ги интензивираат своите молитви, месец со многу жртвувања кои што верниците ги извршуваа доброволно и со многу љубов кон Господ. Месецот Рамазан, потенцираше Реџиепи, е преполн со примери кој што на верниците им овозможува да достигнат што повисок степен на верба.

„Искрениот муслиман, уште од денес го посакува и го очекува желно следниот Рамазан. Бидejќи, Рамазан е месец на ибадетите и рахметот, на меѓубратската љубов и на хуманизмот. Тој е месец на приближувањето еден со друг, месец кој што на совршен начин го оформува нашиот верски идентитет. Токму овие вредности треба да ги посакуваме и целиот наш живот треба да биде Рамазан”, истакна Реџепи во својата честитка, и додаде:

„Утре е Бајрам! Сите сме радосни бидејќи ги исполнивме нашите верски должности. Постевме и се молевме за среќа и бериќет, како за нас, така и за целиот свет. Со такво чисто срце да продолжиме и за Бајрам, пружајќи рака еден на друг, како брат со брат, да ги израдуваме сиромашните, да изразиме љубов кон децата без родители, кон нашите родители, кон нашите фамилии”.

„Молејќи го семоќниот Алах да го прифати нашиот пост и сите наши молитви и ибадети, ви посакувам среќен празник, да ни е вечен Рамазан Бајрам”, рече Реис-ул-улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи на крајот од својата бајрамска честитка.