Нападите врз новинари, лекари и адвокатите ќе се третираат како напади врз службени лица

Сподели

 

Напади и закани врз адвокати, здравствени и медиумски работници од сега ќе се третираат како напади врз службени лица, се предвидува во измените на Кривичниот законик, кој по две години во собраниските фиоки, пратениците вчера го изгласаа.

Претседателот Стево Пендаровски е следен на потег за да стави потпис на законските измени, по што истите треба да бидат објавени во Службен весник и да стапат на сила.

За напаѓачите на новинари и медиумските работници ќе следува зтворска казна. Истото важи и за нападите и заканите врз адвокати и здравствени работници. Демнењето и сексуалното вознемирување исто така станаа кривични дела. Ќе се казнува и економско насилство, но и за новото кривично дело „екоцид“.

„Со казната на овој член ќе се казни тој што делото ќе го стори спрема службено лице во вршењето на службата, адвокат, лекар или друг здравствен работник, новинар или друг медиумски работник или друго лице што врши работи од јавен интерес при вршењето на професионалните задачи или во врска со вршењето на професионалните задачи кои ги презема во рамките на своите овластувања или спрема повеќе лица“, пишува во измените на законот.

Според измените на Кривичниот законик, за закани по живот кон медиумски работници, адвокати и здравствени работници, напаѓачите ќе одговараат со парична казна или со затворска казна до 6 месеци. А, доколку заканата предизвика чувство на страв или несигурност казната може да достигне и до една година затвор. Во случај насилство да е сторено врз овие лица, тогаш затворската казна изнесува од три месеци до три години.

„Со казната на овој член ќе се казни тој што делото ќе го стори спрема службено лице во вршењето на службата, адвокат, лекар или друг здравствен работник, новинар или друг медиумски работник или друго лице што врши работи од јавен интерес при вршењето на професионалните задачи или во врска со вршењето на професионалните задачи кои ги презема во рамките на своите овластувања или спрема повеќе лица“, пишува во измените на Кривичниот законик.

Законските измени предвидуваат и казни за јавно искажани закани за кривични дела на интернет, кои се поттикнати од каков било вид на дискриминација.

Сепак, за да се изборат за правдата во случај кога се нападнати и некој им се заканува, новинарите, снимателите, адвокатите, новинарите, снимателите, лекарите и медицинските сестри ќе поднесат приватна тужба, затоа што нема да им следува по службена должност.

За прв пат во Кривичниот законик се додаваат и кривични дела како демнење и сексуално вознемирување. Со новите измени на законот се предвидува со парична казна или затворска до три години да се казни лицето за кој судот ќе утврди дека ве следи, прогонува, психички ве вознемирува, злоставува или застрашува, лично или преку пишана комуникација, како и ви ги злоупотребува личните податоци.