Покана за пристапни преговори на Македонија во НАТО

Сподели

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска0 од Самитот на НАТО во Брисел ja покани Владата во Скопје да добие покана за членство.

Македонија ќе стане 30 членка на НАТО штом ќе се завршат процедурите околу Договорот таа ќе стане членка. Тој го поздрави Договорот меѓу Атина и Скопје.

„Го поздравивме договорот меѓу Атина и Скопје. Се договоривме да ја поканиме Владата во Скопје да почне пристапни преговори за членство и штом завршат сите национални процедури да се финализира договорот за името, земјата ќе му се приклучи на НАТО како 30. Членка“, изјави Столтенберг на прес-конференцијата по состанокот на Северноатлантскиот совет.

„Имаме дискусии, имаме и несогласувања, но најважно е што имаме одлуки кои ја туркаат алијансата напред и не прават посилни“ – рече тој.

Тој кажа дека мора да се борат за поголема безбедност и против тероризмот. Тие ќе основаат нов центар за кибернетски операции. Се разгоаварало и за состојбата на Блискиот Исток и Северна Африка. Ќе се интензивира борбата против ИСИС.