Политичка агитација по училиштата е строго забранета

Сподели

На влезната врата на скопското основно училиште „Ј.Х. Песталоци“ се појавија флаери со кои се повикува на собир утре во 18 часот, пред канцеларијата на ЕУ во Скопје.

На флаерот како организатори е наведена „Македонска координативна мрежа“, а испишани се и слоганите „Сите за унитарна Македонија“ и „Сите обединети за Македонија“.

Агитирањето и политичките активности близу или во училиштата се сторого забранети, исто како и користењето на децата во пропагандни цели.