Алтернатива Музика и Филм Настани

„Златна мечка“ за романскиот филм „Не допирај ме“

Сподели:

Најпрестижната награда „Златна мечка“ на филмскиот фестивал во Берлин ја освои филмот „Не допирај ме“ на романската режисерка Адина Пинтилие.

Филмот за жената која не поднесува да ја допираат, е награден во конкуренција од 19 филмови. Филмот претставува експериментално дело во кое се истражува физичката интимност и сексуалност.

Пинтилие ја доби и наградата за најдобар дебитантски филм.

Сребрената мечка ја освои „Лице”, трагикомедија од полската режисерка Малгоржата Шумовска, за човек кој се соочува со предрасуди по трансплантацијата на лице.

Наградата за најдобра режија ја освои Вес Андерсон за „Островот на кучињата“, со кој се отвори Берлинале.

Најдобар актер е Французинот Ентони Бајон за главната улога во „Молитвата“ на Седрик Кан, каде што игра млад зависник од хероин кој се свртува кон молитва и монашки начин на живот за да се бори против неговата зависност.

Сподели: