По повод 13 Ноември – Денот на ослободување на Градот Скопје, собраниска делегација, предводена од потпретседателката Весна Бендевска, во состав од Сергеј Попов, Малиша Станковиќ, Славјанка Петровска и Реџеп Исмаил, на 13 ноември 2025 година (четврток), ќе положи венци свежо цвеќе на Градски гробишта „Бутел“, на Партизанските гробишта, на Алејата на великаните, Градски гробишта „Бутел“, на гробот на генералот Михајло Апостолски и пред Владата на Република Северна Македонија, Споменик на ослободителите на Скопје.


