Попладне ќе има врнежи од дожд

Сподели

 

Македонија – Променливо облачно со засилен, наместа повремено силен ветер од јужен правец (над 60 км/час). Попладне под влијание на циклонска активност ќе има врнежи од дожд, најпрво во западните делови. Во ноќните часови врнежите ќе се прошират насекаде и наместа ќе бидат пообилни, проследени со грмежи.

Во Скопје променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, во делови од котлината пообилни.