Вести Македонија Ударни вести

Почина претседателот на „Сојузот на Ромите“, Амди Бајрам

Сподели:

 

Поради проблеми со срцето на 64 годишна возраст почина македонскиот политичар и претседател на политичката партија Сојуз на Ромите од Македонија Амди Бајрам.

Амди Бајрам е роден во Скопје и има завршено средно трговско училиште, а извесно време бил генерален директор на текстилното претпријатие „Шутекс“. Бајрам во 1994 станал пратеник во Собранието на Република Македонија како член на Партија за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), но до крајот на мандатот работел како независен пратеник.

Сподели: