Порака од хакерската група Анонимус: “Не простуваме, не забораваме. Очекувајте нѐ”

Сподели

 

Најголемиот агрегатор на вести во земјава тајм.мк вчеравечер беше под хакерски напад, а откако беше неодстапна во текот на речиси целата изборна вечер, на страната се појави слика со порака од хакерската група Анонимус, но со симболот „Вергина“.

И страницата на Државната изборна комисија беше хакирана, па така таа цела вечер не можеше да ги објавува резултати од изборната трка. Резултатите беа објавувани преку стриминг на Јутјуб канал, но и тој по 2 часот по полноќ падна.

“Не простуваме, не забораваме. Очекувајте нѐ”, порачаа хакерите на интернет-страницата на Државната изборна комисија (ДИК) која уште не функционира.

Тие велат дека го избрале агрегаторот ради најголемиот број на посети.

Сопственикот на „Тајм.мк“, Игор Трајковски во текот на целата вечер на својот Твитер профил објавуваше дека агрегаторот е цел на напади, дека „некој има фрлено многу пари за тоа“, а во последната објава пишува дека преку 20 милиони ИП-адреси вршат напади и дека хакерите го купиле целиот „дарк веб“.