Вести Македонија Статуси Ударни вести

Милошоски ги повика Османи и Димитров на дискусија за разговорите со Бугарија

Сподели:

 

Претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика, Антонио Милошоски ги повика вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи да излезат пред пратениците и да го достават предлог-Анексот кој бил врачен од Софија, уште во ноември минатата година. Тој им порачува да изберат термин во периодот од 15 до 29 јануари и да излезат пред Комисијата.

Во изминативе неколку месеци разговорите на релација Софија-Скопје станаа толку нетранспаренти, што јавноста е збунета и не знае дали на Договорот за добрососедство му се спрема нов анекс, нов акционен план или ново понижување? Оние уверувања дека потпишувањето на Договорот ќе ги решело сите спорови меѓу Македонија и Бугарија и ќе ги отворело портите на ЕУ, што пред 4 години ни ги даваа Заев и Димитров, денес се претворија во обвинувања за тоа кој сосед има поголема вина и за колку нови спорови се преговара.
 
И се додека за македонско-бугарските преговори се одбегнува институционална расправа во Собранието, се повеќе истите ќе наликуваат на приватни пазарења на Заев со Борисов, на Бујар со Захариева или на Димитров со Каракачанов. И додека секој од споменатите тера посебна кариерна агенда, ќе слушаме противречни ставови како– ставот на Димитров дека од Бугарија треба да одмориме до март – ставот на Бујар, дека со Бугарија треба поинтензивно да се преговара и– ставот на Заев дека, откако ни удрија вето за ЕУ, тој не знаел во што е проблемот со Бугарија.
 
Затоа крајно време е владините министри Османи и Димитров да ги симнат маските после Василица, да се појават во Собранието и да ги објават предлог-документите (анекси, акциони планови) кои се разменети помеѓу Софија и Скопје по однос на Договорот. Тогаш низ сериозна дискусија ќе се знае дали има достоинствен излез од овој ќорсокак, дали некој на Македонија И спрема ново анекс-предавство, и кој ќе поднесе оставка затоа што нефункциониот Договор наместо датум ни донесе вето на патот кон ЕУЌ, напиша Антоинио Милошоски на неговиот официјален фб профил.
Сподели: