Вести Македонија Ударни вести

Посебен сообраќаен режим поради Супер купот

Сподели:

Поради Супер купот на УЕФА, закажан за вторник на фудбалскиот стадион „Арена Телеком“ во Градскиот парк во Скопје, од денеска ќе биде воведен посебен сообраќаен и пешачки режим за сообраќајниците во непосредна близина на стадионот.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека од осум часот денеска до завршување на натпреварот, односно до 9 август, на потегот од крстосниците на улиците „Аминта Трети“ (поранешна „Ленинова“)  и „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ ќе се пропуштаат исклучиво лица и возила кои имаат соодветна акредитација од организаторот на мечот- УЕФА.

На денот на натпреварот, зависно од интензитетот на сообраќајот, не е исклучена можноста од затворање за сообраќај и на булеварот „Илинден“ на потегот од објектот на Владата на РМ до крстосницата со улицата „Рузвелтова“.

Сподели: