Вести Македонија Ударни вести

Судењето за Поткуп се одложи за 20. ноември

Сподели:

Поради отсуство на судијката се утрово се одложи судењето за случајот Поткуп. Премиерот Зоран Заев, како обвинет во овој случај, се појави во судница, но беше известен дека судијката Јана Геруевска Илиевска е на боледување и судењето се одложува за 20 ноември.

Основниот суд Скопје 1, го одби барањето на обвинетиот премиер Зоран Заев во случајот „Поткуп“ да бидат изземени доказите од ПИ мерките, кои што беа објавени на Јутјуб уште пред две години. Решението за одбивање на барањето на Заев на денешното судење му го врачи судијката Ленка Давиткова, бидејќи нејзината колешка Дијана Груевска Илиевска, која го води процесот против Заев, била, како што рече Давиткова, на боледување. Тоа беше и причината судскиот процес да се одложи за 20 ноември годинава.

Сподели: