Ставени се во функција безбедносните камери на системот за сообраќаен надзор Безбеден град на автопатската делница помеѓу селата Горенци и Требеништа, во општина Дебрца. Наскоро камерите на Безбеден град, ќе бидат во функција и на сообраќајниците во Охрид и регионот, каде уредите се веќе поставени и привршува нивната техничка проверка и тестирања, информираат од МВР.
Системот Безбеден град ќе овозможи засилена и континуирана сообраќајна контрола, откривање на сообраќајните прекршоци, зголемување на сообраќајната дисциплина и подигнување на нивото на безбедност на патиштата. Воедно, се очекува неговата примена да придонесе и за намалување на бројот на сообраќајни незгоди.
фото МВР


