Вести Изјави Македонија Ударни вести

Вaкцинацијата ќе биде безбедна, граѓаните да не подлегнуваат на дезинформации

Сподели:

 

Министерот за здравство д-р Венко Филипче им порача на граѓаните дека вакцините за коронавирусот се безбедени, се развиваат на веќе проверени платформи и истите се единствен начин да ја победиме пандемијата. Тој информираше дека Владата ќе обезбеди доволен број на вакцини за да се вакцинира  60% до 70% од населението колку што е потребно за да се стекне колективен имунитет. 
 
“Вакцините се развиени по безбедносни протоколи и процедури кои што компаниите за производство на вакцини години наназад ги користат. Благодарение на вакцините во светот се искоренети многу болести како паротитот, полиото и морбилите” истакна Филипче.
 

Министерот Филипче вели дека се шират голем број на дезинформации и лажни вести на кои граѓаните не треба да подлегнуваат, а вакцинацијата ќе биде целосно безбедна.

 
 
Сподели: