Потпишан е колективен договор со синдикатите – зголемени плати во здравството

Сподели

 

Од февруари повисоки плати ќе добијат специјалистите, наставниот кадар, општите лекари, медицинските лекари, здравствените соработници и помошно техничкиот персонал – изјави министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција.

 

“100 илјади денари плата на лекар специјалист со дежурства во 2020 година.

Во текот на минатата недела, пред започнување со работа на техничката влада потпишан е Колективен договор со синдикатите, со кој од први февруари се зголемува коефициентот за исплата на дежурства.

Со најновите измени и дополнувања во Колективниот договор за здравствена дејност направивме значително зголемување на коефициентот на сложеност, со што се зголемува и додатокот на плата за дежурства. Со овие измени опфатен и е и помошно техничкиот персонал.

Со февруарската плата, зголемувањата се следни:
20% – наставен кадар;
25% – лекари специјалисти;
15% – општи лекари;
10% – медицински сестри;
5% – здравствени соработници;
5% – помошно технички персонал;

 

Веќе сега на некои клиники каде има голема комплексност, пр. хируршки клиники, со дежурствата платата достигнува 100 илјади денари. Но, од февруари на сите клиники платата ќе биде 100 илјади денари, некаде може да се надмине, а сериозно ќе се доближи помеѓу 85 и 110 илјади денари во зависност од дежурствата во општите болници ширум земјата

Продолжуваме и во 2020 година да инвестираме во човечкиот капитал и да ги подобруваме условите за работа во јавното здравство” – изјави министерот Филипче.