7 дена Вести

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде променливо облачно и постудено со повремен локален снеr, особено на запад и претежно претпладне. Ќе дува засилен северен ветер најизразен долж Повардарието и на југозапад.

Во Скопје ќе биде променливо облачно. Ќе дува засилен северен ветер. Дневната температура ќе се искачи до 5 степени.

Максималните дневни температури ќе се движат од 0 степени во Маврово, 2 во Берово, Крива Паланка 3, Охрид 4, до 5 во Скопје и Прилеп, 6 во Кавадарци и 9 степени во Дојран.

Утре ќе биде променливо облачно со локални слаби врнежи од снег претежно на северозапад. Ќе дува засилен северен ветер.

Дневните температури ќе бидат во Маврово и Берово -1, 1 во Прилеп, 2 во Крива Паланка, Скопје и Охрид 3, Кавадарци 4 и 6 степени во Дојран.

Сподели: