Потпишан Протокол за соработка со Државниот архив на Србија

Сподели

 

Директорите на државните архиви на Република Северна Македонија и на Србија, д-р Емил Крстески и д-р Мирослав Перишиќ, во Скопје потпишаа Протокол за соработка. Ова е прв ваков договор меѓу двете институции со кој се дефинираат насоките на соработка во областа на историските документи и архивистиката и се продлабочуваат односите меѓу двата aрхива со правна рамка.
 
 
 
 
Овој договор е основа за реализација на идни заеднички проекти и програмии. Како прв конкретен чекор во таа насока е предвидено наскоро да се објави Зборник на документи од периодот меѓу двете светски војни.
 
На официјалната средба делегациите предводени од директорите, д-р Емил Крстески и д-р Мирослав Перишиќ разменија искуства околу досегашната работата, а стана збор и за нивните идни планови и активности.
 
 
 
 
Гостите од Белград имаа можност да се запознаат со функционирањето на неколку Сектори и одделенија на Државниот архив, со техничката опременост и со Депото.
 
На свеченото потпишување на Протоколот за соработка присуствуваше и амбасадорката на Србија во нашата земја, Н.Е. Невена Јовановиќ.