Алтернатива Настани

ART GAMES во МКЦ од 15 до 17 јуни

Сподели:

 

Во склоп на 50 години МКЦ најавуваме и нова возбудлива содржина – ART GAMES! Порив е вашата креативност, оружје е вашиот талент, а местото на битката е МКЦ.
 
Тридневен настан на кој сите уметници и креативци може да ги тестираат вештините и да се борат за големи награди. Станува збор за активности внимателно смислени да ги стават на тест сите техники, целата креативност и да ве поттикнат да дадете сѐ од себе.
 
Пријавувањето е во тек! Можност за пријавување имате до 5 јуни до 12:00.
Право на учество има секој што е доволно храбар и креативен, возрасната граница е од 18 до 40 години.
 
Начинот на аплицирање е едноставен:
– Направете кратка биографија и пратете ја на info@mkc.mk, внимавајте да е со наслов (Subject)-ART GAMES.
 
Главната награда е 50.000 денари. Останатите награди вклучуваат ваучери за билети во МКЦ, изложби и многу други придобивки. Играта трае од 15 до 17 јуни
*Начинот на селекција ќе биде извршен од интерна комисија формирана од колегиумот на МКЦ.
Сподели: