Потписници на СЈО ќе бидат Јосифовска и Ристовска – Јанева не се појавила на работа

Сподели

 

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева трет ден не се појавила на работа, пренесе РСЕ.

Од Специјалното јавно обвинителство велат дека и денеска не поднела никакво образложение за отсуството и дека нема поднесено барања за боледување. Инаку Јанева во понеделникот поднесе оставка која треба да стапи во сила штом се донесе нов закон со кој ќе се регулира статусот на Специјалното јавно обвинителство и штом ќе се избере нејзин заменик. Според досегашниот статус на обвинителството нејзиниот мандат истекува на 15 септември.

За сега официјален документ за отсуството на Јанева од СЈО нема, пишува МКД.мк. Од СЈО одговорија дека формално-правно овластени сега да ги потпишуваат документите во периодот која Јанева е отсутна се обвинителките Ленче Ристовска и Елизабета Јосифовска.