Потресна исповед: Ванеса Брајант откри како дозна за несреќата во која погинаа Коби и Џана!

Сподели

На несреќниот 26 јануари 2020 година, во хеликоптерска несреќа загинаа познатиот кошаркар Коби Брајант, неговата ќерка Џана и уште седум лица кои беа на тој фатален лет.

Сопругата на Коби, Ванеса, на суд изјавила дека првите информации за страшната несреќа ги добила од семејниот асистент, но и дека некои информации се покажале како неточни.

Ванеса последните денови беше на суд каде сведочеше во случајот против полицајците кои се осомничени дека ги фотографирале мртвите тела на Коби и нивната ќерка Џана.

Асистентот и кажал на Ванеса дека се случила несреќа, но и дека преживеале пет лица, што подоцна се покажало дека е неточно. Бидејќи асистентката не знаела ништо повеќе, Ванеса се обидела да дојде или до Коби или со Џана преку телефон, но тие не одговориле.

„Додека го држев телефонот и се обидував да го добијам сопругот, почнав да добивам известувања „Почивај во мир, Коби“, „РИП Коби“. Мојот живот повеќе не беше ист од тој момент“, истакнала Ванеса Брајант.

The post Потресна исповед: Ванеса Брајант откри како дозна за несреќата во која погинаа Коби и Џана! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico