Повлечен авионот Истанбул-Скопје поради дефект на лизгачот за евакуација

Сподели

thumbs_b_c_2baab31ea225028f699c114a6a861c6d

ИСТАНБУЛ (АА) – Авионот на „Туркиш ерлајнс“ (THY) што се подготвувал да полета на редовната релација Истанбул – Скопје е повлечен бидејќи настанал дефект на лизгачот за евакуација, јавува Anadolu Agency (AA).

Според добиените информации, во раните утрински часови, на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул, во авионот на „Туркиш ерлајнс“ што се подготвувал да полета за Скопје, од сѐ уште непознати причини пукнал лизгачот за евакуација.

Откако ги оставил патниците на терминалот, авионот бил префрлен во хангар за испитување на причините за настанатиот дефект.

Патниците со друг авион на „Туркиш ерлајнс“ ќе патуваат з