Повремени врнежи од дожд, а на планините од снег

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Претпладне по одделни котлини со појава на магла и ниска облачност. Попладне најпрво во западните, а во текот на ноќта и во останатите делови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец.

Температурата ќе се движи од -6 до 10 степени.

 

 

Во Скопје претпладне со појава на магла, кон крајот на денот и во текот на ноќта со повремени врнежи од дожд.

Утре ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Од попладневните часови, особено во западните делови врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од повисоките места.