Повремени врнежи од дожд и ретки грмежи

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Променливо облачно со локални врнежи од дожд, од пладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 60 км/час) најизразен во горниот тек на Повардарието и во западните делови. УВ=5

Температурата ќе се движи од 11 до 22 степени.

 

 

 

 

Во Скопје променливо облачно, претпладне со сончеви периоди. Од пладне ќе има повремени врнежи од дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.