Пожар во една од “Трите убавици” во Карпош 4

Сподели

 

Утрово во една од трите кули, познати како „Три убавици“ во скопската населба Карпош 4, избувна голем пожар.

Според првичните информации, се запалил стан на 17 кат, а сопственикот според очевидците за време на пожарот бил на балконот додека густиот чад се доближувал кон него.

Неколку пожарникарски возила многу бргу стигнаа на местото на пожарот, како и две возила на брзата помош.

Пожарникарите успешно влегле во станот и го спасиле човекот, кој со возило на Итната медициснак помош е пренесен во болница.

Не е познато за какви повреди станува збор и која е причината за пожарот.