Вести Македонија Став Ударни вести

Демократскиот сојуз ги повикува иселениците да се попишат

Сподели:

 

Демократскиот сојуз упатува повик до сите наши иселеници, каде и да се, да се попишат, бидејќи се работи за исклучително значајна статистичка операција, од која зависат натамошните планирања за развој на државата.

“Ве повикуваме сите да се попишете, затоа што бојкотот ќе биде на штета на стратешките и националните интереси на Македонија, Македонскиот народ и сите останати етнички заедници.

Тие што заговараат тивок бојкот ќе направат ненадоместлива штета и резултатите од пописот нема да бидат одраз на реалните состојби и ќе го нарушат меѓуетничкиот баланс во Македонија.

Воедно апелираме сите партии, невладиниот сектор, медиумите, но пред се Владата, да се вклучат во кампања за сите да се попишат.

Треба кај сите да преовлада чувството на одговорност спрема себеси и државата.

Владата на дневна основа да ги следи состојбите и последиците од пандемијата и согласно процените да носи одлуки сврзани со пописот вклучително и ризикот од евентуален бојкот на истиот” – се наведува во соопштението на Демократскиот сојуз.

 

Сподели: