Пожарот во тетовско Фалише сè уште е активен

Сподели

 

 
Според пријавата за пожар во ЦУК, преку Единствениот број за итни повици 112 гори во фабриката за бои и лакови “Еуроком”. Пожарникарите од ТППЕ Тетово веднаш излегоа на терен.
 
 
 
 
Од Ангелов е координирана помош од пожарникарите од Скопје, Гостивар, Велес и Куманово. Побарана е и помош од гостиварски приватни фирми коишто можат да помогнат со машинерија, бидејќи ситуацијата е алармантна за расчистување на материјалите што се во магацинот, а не се фатени од пожарот.
 
Инаку, Ангелов координираше и за ангажман на хеликоптер од МВР, но временските услови во Тетово (густа Магла) не дозволуваат гасење на пожар од воздух во овој момент.
 
 
 
 
Тетовските пожарникари цела ноќ го гаснеа пожарот во селото Фалише каде од вчера гори магацин и продавница за бои и лакови. Иако со значително намален обем сѐ уште има пламен и чад. Пожарот се очекува целосно да биде изгаснат во наредните неколу часа, информираат од Центарот за управување со кризи.
 
 
 
 
По добиена информација од Центарот за управување со кризи, од страна на ДИЖС-Одделението за инспекциски надзор во животната средина-Полошки регион, Канцеларија Тетово е направен инспекциски увид на лице место на локацијата.
 
Се работи за пожар во магацин (не е фабрика) за бои, лакови, санитарии, финални градежни производи од домашни и странски производители… На лице место увид е направен и од страна на дежурен обвинител.