Познати паровите на 1/4 финалето од ЕУРО 2016

Сподели

Во четврток се состануваат Полска и Португал во Марсеј, а ден подоцна на програма е средбата помеѓу Велс и Белгија во Лил

thumbs_b_c_8dea724eb305cf96fadc55e64f5552f4

По последните два натпревари од осмина финалето кои се играа во понеделник, познати се паровите од четврт финалето, на 15- Европско првенство во фудбал кое се игра во Франција.

Во четврток се состануваат Полска и Португал во Марсеј, а ден подоцна на програма е средбата помеѓу Велс и Белгија во Лил.

Во сабота се игра дербито во Бордо помеѓу Германија и Италија, додека во последниот меч од четвртфиналето домаќинот Франција ќе го дочека најголемото изненадување на натпреварувањето, селекцијата на Исланд во Париз.

Сите натпревари од четвртфиналето ќе се играат од 21 часот. Првиот ќе биде одигран на 30 јуни, а последниот на 3 јули.