Практикантство за 1352 млади лица до 29 години и младински додаток за лица до 23 години

Сподели

Владата преку Оперативниот план за вработување на 2025 година нуди стекнување на практични вештини за 1352 млади до 29 години, а предуслов е лицата да имаат завршено минимум средно образование.

Оваа е одлична можност младите лица до 29 години да се стекнат со практична работа и искуство со што ќе бидат поконкурентни на пазарот на труд кои подоцна истите ќе добијат шанса за вработување, додека пак стопанството ќе добие соодветен кадар.

Воедно, Оперативниот план предвидува и младинскиот додаток за 3.500 млади до 23 години во вредност од 3.000 денари месечно по вработено лице кои ќе засноваат работен однос или се вработени во дејностите од областа на производството. Целта на оваа мерка е зајакнување на капацитетите на стопанството како и поттикнување на ангажирање на младите лица до 23 години за вработување во дејностите на производството.

Овој оперативен план за вработување за 2025 година вреден 40 милиони евра опфаќа над 16.000 граѓани во кој се вклучени млади, невработени лица и лица од социјално ранливите категории, информираат од владата.