Вести Македонија Ударни вести

Пратениците денеска ќе одлучуваат за минималната плата, стечајците и радиодифузната такса

Сподели:

Собранието денеска во 11 часот ќе ја продолжи 12. седница. Точки на дневен ред се законот за минимална плата, законот за стечајците и укинување на радиодифузната такса.

Освен тоа, на дневен ред ќе се најде и предлог за утврдување на бројот на потпретседатели на Собранието, ратификација на Спогодбата за соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Советот на министрите на Босна и Херцеговина во процесот на пристапување во Европската Унија и предлог-закон за ратификација на Договорот од Париз.

Вчера Собранието отвори општ претрес по предлог-законот за употреба на јазиците.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека предлог-законот е неуставен, дека тој произлегува од т.н. тиранска платформа и дека со него се воведува двојазичност на целата територија на државата.

Од парламентарното мнозинство сметаат дека предложениот закон нема да ја уништи туку ќе ја унапреди државата и дека тој произлегува од амандманот 5 на Уставот.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја прекина седницата два часа порано поради партиските обврските на пратениците за поднесување кандидатски листи.

Сподели: