Пред Апелација Боки 13 бара укинување на притворот

Сподели

 

Бојан Јовановски, првоосомничениот во случајот “Рекет”, денеска на Јавна седница во Апелациониот суд ќе побара укинување на мерката притвор.

Судиите ќе одлучуваат по жалбата на Боки 13, откако претходно Кривичниот суд му го продолжи притворот за нови 30 дена. На јавната седница, Боки 13 заедно со својот адвокат ќе ги образложат аргументите зошто треба да се укине притворот.

Адвокатот на Јовановски, побара укинување на притворот и замена со друга мерка, бидејќи неговата здравствена состојба е сериозна влошена и може да има смртна последица. Дуковски до судот достави и медицинска документација во која доктор Зоран Спировски од Клиниката за торакална хирурхија дава мислење дека Јованоски мора итно да биде хоспитализиран.

,,Останувам целосно на искажаното на мојот бранител. Покрај тоа што мојот бранител наведе дека два пати сум неуспешно опериран, би додал дека мојата состојба е животно загрозувачка. Јас повраќам константно во тие услови. Затворскиот лекар има желба да помогне, но не може поради состојбите. Имам органски проблем. Јас сум во добра психичка состојба. Неуспешните операции се поради лекарска грешка. Пресечен ми е нерв од желудникот и затоа повраќам, ова ми го кажа докторот Спировски од Торакална хирургија. Имам проблем со белите дробови и уште четири дијагнози. По многу од укажаните упатствија од затворскиот лекар, условите кај што се наоѓам не го дозволуваат тоа”, изјави Бојан Јовановски.

Боки 13 е осомничен во истрагата „Рекет“ и со осомничената во истата истрага Катица Јанева се во притвор во Шутка.