Вести Македонија Ударни вести

Пред претставниците на Стопанската комора на Македонија презентирани мoжностите за поддршка за отворање на работни места

Сподели:

Пред претставници на бизнис секторот, беа пред сѐ презентитани мерките кои се во насока на давање поддршка на растот на микро, мали и средни претпријатија за создавање на нови работни места, како и мерките за финансиска и советодавна поддршка за овие претпријатија.

Претставниците на бизнис секторот се запознаа со конкретните услови за користење на мерките ,,Поддршка за раст на микро, мали и средни претпријатија за отворање на нови работни места за млади лица до 29 гоидини” и ,,Финансиска и советодавна поддршка за раст на микро, мали и средни претпријатија (ММПС) и социјални прептријатија”.

,,Мерките се однесуваат на унапредување на можностите за работа во овие мали и средни претпријатија и купување опрема, како и поддршка за вработување млади лица до 29 години.

Многу е важно овие мерки да бидат промовирани директно пред стопанствениците зашто само така можеме да оствариме комуникација и да видиме дали тие имаат одредени задршки за да аплицираат за нив”, рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Постојаната претставничка на Програмата за развој на Обединетите нации, Луиза Винтон смета дека оваа средба е важна за да се разменат мислења.

,,Оваа средба е важна за да се разменат мислења за тоа како да се надмине предизвикот со недостиг на квалификувана сила која бизнис секторот не може да ја обезбеди за да ја изврши својата работа, во услови на висока невработеност во земјата”, изјави Винтон.

Царовска и Винтон очекуваат ставовите и мислењата на стопанствениците да помогнат да се ажурираат мерките со кои ќе се третира невработеноста во 2018 година, како и во креирањето на новиот Оперативен план за вработување за 2018 година.

Оперативната директорка на Организација на комората Елена Милевска Штрбевска рече дека мерките ќе бидат поттик за компаниите за поголем број вработувања.

Директорката на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Билјана Јовановска информираше дека во моментов во Македонија има околу 100 илјади активни, и 90 илјади пасивни баратели на работа, но и дека пасивните баратели се намалуваат стимулирани со мерките од Оперативниот план.

Оперативниот план за мерки за вработување за годинава е 17 милиони евра, плус дополнителни 2,2 милиони евра обезбедени со ребалансот на Буџетот.

Сподели: