ПРЕГОВОРИ МОРА ДА ДОБИЕМЕ! – Мерсел БИЉАЛИ

Сподели

 

Се случи и тоа чудо. Опозицијата „лобира“ за преговори! Таа, во чие срце и душа сѐ уште стои почесниот претседател, кој тринаесет години сукцесивно нѐ убедуваше дека „предраспадната“ ЕУ е наша несреќа, сега истата користејќи злобно оружје во битка за бранење лаги, ја обвинува власта за „недостаток на реформи“! Дека „владата на Заев ја упропастила Македонија и затоа нема да добие датум“. Тука е во игра некој врвен талент за превари во стилот – „нашиот голем грев веднаш да го заборавите, а нивниот мал грев вечно да го памтите“. Но, наспроти големата амнезија, сѐ уште многу глави мислат дека не треба да и се верува на таквата структура и тогаш кога се колне дека лаже.

Големата слика

Прво, главните играчи на Унијата точно знаат дека ако ги одложуваат преговорите со Северна Македонија, ризикуваат сериозна регионална тензија, оти е сосема извесно дека идната грчка влада од есен ќе ја прават десничарските конзервативци на Мицотакис во коалиција со неколкуте екстремни партии. Голема веројатност е таа влада поради внатрешно популистички потреби, рестриктивно да ги протолкува едни одредби од Преспанскиот договор, со што сериозно ќе ја проблематизира неговата имплементација. Оставката на владата тука е најмал проблем.

***

Малата слика

Малата слика ја сочинуваат бескрупулозните постизборни игри на партиите, поединечно и групно во рамките на државите членки, но и на целата Унија за тоа кој што колач ќе добие во европската влада (Европската комисија). Тука се води гладијаторска битка меѓу блокот парии (ЕПП, либералите, левите, зелените).

***

Опозицијата

Опозицијата со нејзината логика дека секоја загуба на државата е нејзин успех, точно знае дека преговори ќе има, па затоа посакува да се качи на последниот вагон, со голема молитва возот да се расипе. Долго го чекале возот за Москва кој никогаш не пристигнал, но, внимателно си го чуваат багажот на почесниот претседател кој единствено за нешто што нема вина се климатските промени во Арктикот. Со градењето споменици убаво докажал дека го заслужува минатото. Пропуштил златна доба и нѐ вратил во камено доба. А познато е дека најголем злочин е загубеното време. И сега Иванов со сите сопствени заблуди и бенефиции ќе ѝ „помогне“ на државата! Исто како што тоа го правел цели десет години. Веројатно смета на тоа дека кај нас не постои грев што ние не можеме да го заборавиме.

Колумната во целост можете да ја прочитате тука