Вести Свет Ударни вести

Прегратка на солидарноста во Барселона

Сподели:

Во Барселона, по терористичкиот напад е организиран собир на кој граѓаните се прегрнуваа за да искажат солидарност, јавува Anadolu Agency (AA).

Двајцата пријатели Пако и Џино носеа транспаренти на кои пишуваше „Прегратка на солидарноста“ и „Бори се со љубов против омразата и стравот“.

Луѓето кои беа на тоа место во таа прилика се прегрнуваа едни со други во знак на солидарност и шириње на љубов и доверба.

Терористичката организација ДЕАШ презеде одговорност за нападот во Барселона. Најмалку 13 лица загинаа, а околу 100 се повредени кога во шеталиштето Лас Рамблас во центарот на Барселона комбе влета во група пешаци.

Во Камбрилс, полицијата уби пет лица кои носеле лажни бомбашки појаси и со автомовил влетале во група туристи и локално население. Во тој инцидент се повредени шест лица, меѓу кои и еден полицаец. Една жена почина вчера од здобиените повреди, па вкупниот број на жртви од вчерашниот напад е 14 лица.

Сподели: