Вести Македонија Ударни вести

ШИЛЕГОВ: Преку нови, модерни системски решенија до растоварување на сообраќајниот метеж

Сподели:

Градот Скопје е домаќин на Регионалната конференција во рамки на меѓународниот проект „Одржлива урбана мобилност кај градовите од Југоисточна Европа“ (Sustainable Urban Mobility in SEE Cities), на тема „Зголемување на бројот на велосипедисти во Скопје”,

Регионалната конференција наредниве неколку денови ќе се одржи на повеќе локации во Скопје, а на нејзиното отворање се обрати градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

– Градот Скопје е домаќин и ко-организатор на Регионалната конференција на тема „Зголемување на бројот на велосипеди во Скопје“ поддржана од ГИЗ – Германско друштво за интернационална соработка, мрежата „Конектив Ситис“ (Connective cities) и германската влада. Градот Скопје е дел од Мрежата на енергетски ефикасни градови од југоисточна европа од 2009 година и е потписник на Европската повелба на градоначалници – наведе градоначалникот Шилегов.

Тој наведе дека на оваа конференција ќе се дискутира за продолжување и унапредување на проектот „Скопје Вело Град“.

– Во наредните 3 дена во оваа конференција ќе бидат вклучени стручни сектори, министерства, невладини организации, јавни претпријатија и факултети, кои заедно ќе реализираат стратегија за развој на Вело-културата и зголемувањето на бројот на велосипедисти во градот. Проектот Скопје Вело Град повторно го ставаме на врвот на приоритети на Градот. Преку ново системско, еколошко и модерно решение на градот, имаме за цел растоварување на градскиот метеж и намалување на емисиите на издувни гасови. Со секоја реконструкција на улица ќе изградиме нова велосипедска патека и ќе ја продолжиме исплатата на субвенции за набавка на велосипеди. Скопје ќе биде просперитетен и отворен град. Планираме Скопје да стане Европска зелена престолнина во 2021 година – кажа градоначалникот Шилегов.

Оваа конференција е првата средба во рамки на меѓународниот проект „Одржлива урбана мобилност кај градовите од Југоисточна Европа“, кој произлегува од Писмото на намери коешто беше потпишано на меѓународната конференција во Берлин во април 2017 година, како дел од „Мрежата на енергетско ефикасни главни градови од Југоисточна Европа“ (Network of Energy-Efficient Capital Cities in South-East Europe). На овој состанок ова писмо на намери беше потпишано од градовите Скопје, Подгорица, Тирана, Приштина, Сараево и Загреб, како и од германскиот град Фрајбург, како град модел за добри практики.

Работниот дел од конференцијата ќе продолжи и во наредните денови и фокус на истата ќе биде подобрување на условите за користење на велосипедот во Скопје. На овие работилници учесниците ќе имаат можност да се запознаат со примерите за подобрување на условите

Сподели: