Заев – Харадинај: Македонија и Косово ги продлабочуваат односите

Сподели

Македонија и Косово развиваат добра соработка и ги продлабочуваат односите, случајот „Диво насеље“ е чувствително прашање коешто не треба да предизвика проблеми во билатералните односи, истакнаа на заедничка прес-конференција премиерите на двете земји Зоран Заев и Рамуш Харадинај, по денешната средба во Приштина.

Тие истакнаа дека разговарале за заеднички проекти, како автопатот Скопје – Приштина и за аспирациите на двете земји во евроатлантските структури.

Харадинај истакна дека Косово и Македонија имаат добри односи и ги обединува евроатлантската структура.

Заев рече дека „Диво насеље“ не трба да биде пречка во односите и дека за случајот ќе има меѓународна истрага за да се дојде до вистината.

На средбата Заев го поканил Харадинај да ја посети Македонија. Заев во рамки на денешната посета ќе има средби и со косовскиот претседател Хашим Тачи и со претседателот на косовското Собрание Кадри Весели.

РСЕ