Премиерот ги посети децата хемато-онколошкото одделение на Клиниката за детски болести

Сподели

 

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, денеска ги посети децата кои се лекуваат на хемато-онколошкото одделение на Клиниката за детски болести во Скопје и им подари новогодишни пакетчиња. Ковачевски на малите пациенти им посака што побрзо да ја победат болеста и да се вратат дома кај своите семејства.

 

 

„Подароците се надевам дека ќе бидат од помош што полесно и побрзо да ги пребродите болничките денови. Вашата битка е поголема од сите битки на нас возрасните, за восхит е вашата храброст и енергија што ја имате. Посакувам многу здравје и среќа и што побрзо да се вратите дома, во училиште кај вашите другарчиња, на игрите со вашите врсници. Ова ѕвоно што означува крај на третманите посакувам во новата година што почесто да ѕвони. На медицинскиот персонал од Клиниката им посакувам многу здравје да продолжат да бидат неуморни и посветени на работата, а Клиниката да има што помалку пациенти“, рече претседателот на Владата.

На Клиниката за детски болести на хемато-онколошкото одделение во моментов задржани на лекување се 14 деца, а 36 дечиња примаат терапија.