Премиерот Ковачевски оствари телефонски разговор со новиот премиер Денков

Сподели:

 

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, претпладнево имаше телефонски разговор со новиот премиер на Република Бугарија, Николај Денков.

Премиерот Ковачевски му го честиташе мандатот на бугарскиот премиер Денков и посака успешна работа на новоизбраната Влада што ја предводи.

Во разговорот е изразено очекување од двете страни, за добра меѓу владина соработка, во интерес на граѓаните и на добрососедските односи.

Разговарано е за важноста од промоција на позитивната реторика којашто придонесува во меѓусебната доверба, како и од продолжување на динамиката во билатералната агенда и средбите меѓу министрите во владите кои ќе придонесат кон постигнување резултати кои се конкретни и видливи за граѓаните.  

Заедничка е оценката дека е потребна конструктивност во пристапот и понатамошната соработка, за коешто постои увереност и кај двајцата премиери дека го очекуваат и граѓаните на Северна Македонија и Бугарија, но и регионот, Европската Унија и меѓународните партнери.

Сподели: