Премиерот Заев дојде во суд за случајот „Поткуп“

Сподели

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев се појави во Основниот суд на закажаното рочиште за случајот „Поткуп“.

Тој побара рочиштето да заврши до 12 часот, со оглед на тоа што има седница на Владата, пренесува 24 Вести.

Адвокатот, Филип Медарски побара да бидат отфрлени доказите од Посебните истражни мерки кои се веќе објавени, а биле службена тајна. Според него, снимките ги објавило лице кое имало контакт со нив со што сторило кривично дело објавување на службена тајна.

Според обвинителството, Заев како градоначалник на Струмица, барал поткуп од 163 илјади евра, односно по 2 евра за еден квадратен метар градежно земјиште во Струмица.

Една половина од парите требало да бидат за Заев, а другата за изградба на црква во Струмица.