ЗМСТАС: Премирна емисија посветена на сестринството во Македонија (ВИДЕО)

Сподели

 

По повод Светскиот ден на медицинската сестра 12.мај и одбележувањето на Меѓународната недела на сестринството, Унијата на здруженија предводена од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“ денеска со почеток од 12 часот ќе ја емитува емисијата посветена на сестринството.

„Годинава поради мерките за заштита на јавното здравје не сме во можност да го одбележиме настанот како и секоја година, но затоа во сопствена продукција реализиравме кратка емисија преку која сакаме да ја искажеме нашата почит кон сестринската професија. Воедно сакаме да искажеме и голема благодарност до сите наши истакнати соработници и членови, уметници и музичари, медиуми, граѓани и претставници на невладиниот сектор кои се вклучија во одбележувањето на Неделата на сестринството со нивни креативни дела и видео честитки – се наведува во денешното соопштение на ЗМСТАС.

Покрај стримингот на веб страната zanas.mk eмисијата ќе се емитува и на нашиот официјален YouTube канал и на нашата официјална фејсбук страна.