Филипче: На Меѓународниот ден на медицинските сестри одаваме почит за сите кои застанаа во првите борбени редови

Сподели

 

Министерот за здравство Венко Филипче им го честиташе Светскиот ден на медицинските сестри особено сега во време на борбата против коронавирусот.

“Медицинските сестри се грижат за сите во светот. Во изминатиот период нивната работа беше уште потешка. Им благодариме за влогот и трудот кои го вложија. На Меѓународниот ден на медицинските сестри одаваме почит за сите кои застанаа во првите борбени редови против коронавирусот!”