Христијан Мицкоски не може да се испере од скандалот со пресудата за „Талир 2“, со која Никола Груевски е ослободен а криминалниот имот на ВМРО е вратен.
Обвинителката Ленче Ристовска беше тргната, ѝ беа одземени овластувањата. Јавно беа таргет судии и обвинители кои работеа на предметите „Талир 1“ и „Талир 2“, реагираат од СДСМ.
Власта го смени јавниот обвинител. Постави и обвинителка од тефтерчето на Сашо Мијалков. Се менуваа и назначуваа судии блиски до власта. Мицкоски им делеше задачи од собраниска говорница, преку телевизија и на телефон.
Портпаролката на Владата ги знае судските пресуди пред да бидат јавно објавени. Ова се случува се во изминатите 2 години.
Ете го резултатот денес на партизираното судство: Никола Груевски, човекот кој избега од правдата, е спасен од одговорност, а криминално стекнатиот имот на ВМРО е вратен.
Дури и самата судијка што го водеше предметот укажа на недоследност кај обвинителството и неадаптирање на обвинителниот предлог по измените на КЗ.
Мицкоски не може да избега од одговорноста. Оваа пресуда е печат на заробеното правосудство што самиот го создаде. Како ќе се испере Мицкоски за тоа што не направи ништо за екстрадицијата на Груевски? И за тоа ли некој друг е виновен?
Документите за негово враќање со месеци талкаа низ институциите и никогаш не беа испратени. Ништо од ова не беше случајност, туку свесна политичка одлука за заштита на Никола Груевски – човекот кој е симбол на криминалот и корупцијата, додаваат од партијата.


