Претепан новинарот Зоран Божиновски – Буревесник

Сподели

 

Новинарот и сопственик на порталот „Буревесник“, Зоран Божиновски бил претепан вчера во Битола.

“Брутално нападнат и повреден, мојот сопруг, новинарот Зоран Буревесник Божиновски”, напиша неговата сопруга Панда Солунчевска, на својот фб профил, каде и објави фотографии од Божиновски.

 

 

Со скршеници и тешки повреди, Зоран Божиновски бил нападнат од неколку непознати лица. 

Од МВР го потврдија настанот. За сега не е познат идентитетот на напаѓачите, ниту пак мотивите за овој инцидент. 

„На 25.10.2022 во 20.42 часот во СВР Битола, П.С. од Битола пријавила дека на ул.„Кочо Рацин” во Битола нејзиниот сопруг З.Б. бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.