Вести Македонија Ударни вести

Претседателот Пендаровски ќе учествува на 5. издание на Парискиот мировен форум

Сподели:

 

Претседателот Стево Пендаровски, денеска – 11 ноември 2022 година престојува во работна посета на Француската Република, по повод негово учество на 5. издание на Парискиот мировен форум.

Претседателот Пендаровски ќе присуствува на свеченото отворање на 5. издание на Парискиот мировен форум, насловено „Излегување од мултикризата“, ќе се обрати на панел на кој ќе се дискутира за геополитичката криза, а ќе присуствува и на панелот „Универзализам предизвикан од војната во Украина“, на кој ќе говори францускиот претседател Емануел Макрон.

Во рамки на учеството на Парискиот мировен форум, претседателот Пендаровски е планирано да оствари средби со претседателите на Естонија, Романија, Швајцарската Конфедерација и Унгарија, и ќе присуствува на работна вечера во рамки на Форумот на која е домаќин францускиот претседател Емануел Макрон.

Сподели: