Претседателот Пендаровски му го врачи мандатот за технички премиер на Спасовски

Сподели

 

Претседателот  Стево Пендаровски, врз основа на член 84 од Уставот, а во согласност со член 43 од Законот за Владата, денеска му го врачи мандатот на Оливер Спасовски кој ќе ја обавува функцијата технички премиер која треба да ги спроведе изборите закажани на 12 април, согласно договорот на политичките партии за преодна влада, се до формирање на новата Влада по предвремените парламентарни избори.

 

 

“Врз основа на член 84 од Уставот и Законот за Влада, предлогот на најголемата политичка партија што го формира владиното мнозинство за мандатар за состав на преодната влада за спроведување избори за пратеници го определувам Оливер Спасовски”, изјави Пендаровски на настанот што се одржа во „Вила Водно“.

 

 

Оливер Спасовски се заблагодари за честа и одговорноста што му се укажува.

“Задачата на новата влада ќе биде да направиме се државата да продолжи со напредокот, да имаме фер демократски избори и да овозможиме слободно граѓаните да донесат одлука, меѓутиоа сите институци да продолжат понатаму со истат динамика како што работеа и досега се со цел да има развој и просперитет за иднината на оваа држава”, изјави Оливер Спасовски.

По завршувањето на седницата во Собранието, за избор на преодна Влада за спроведување на избори на пратеници, претседателот Пендаровски во својот Кабинет – Вила Водно, ќе ги прими членовите на новиот состав на Владата.

 

denesmagazin.mk